Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Платени 7.5 милиони долари за болидот на Шумахер од 2001

Платени 7.5 милиони долари за болидот на Шумахер од 2001

Ф1 легендата Михаел Шумахер страдаше од неколку повреди на мозокот со кои се здоби во скијачки инцидент во 2013-тата, а од тогаш воопшто не е виден во јавноста

Иако тој не е веќе во кома, неговата состојба е доста сериозна. Но неговото наследство и популарност продолжуваат да живеат. Тоа може да се види по податокот дека непознат сопственик платил 7.5 милиони долари за неговиот болид од 2001 година на организирана аукција.

Ова е најскапиот болид од модерната ера на Формула 1. Претходно болидот од 2004 беше продаден за нешто помалку од 3.2 милиони долари. Од тука доаѓа прашањето зошто овој автомобил чини толку многу? Автомобилот е тркачки подготвен, а од Ferrari пружаат целосен транспорт и складирање кај новиот сопственик.

Парите ќе одат во добротворни цели за Михаел Шумахер (Keep Fighting фондација).




Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *