Home / Latest Articles / Повеќе сила, повеќе вртежен момент и повеќе карбон во BMW M2 CS од Manhart

Повеќе сила, повеќе вртежен момент и повеќе карбон во BMW M2 CS од Manhart

Ново доработено купе доаѓа од Manhart…

Иако BMW M2 CS веќе е ѕвер, тунинг специјалистите Manhart одлучија дека ѕверот може да стане посилен ѕвер. Нивниот проект тие го нарекоа MH2 GTR, а неговиот дизајн располага со додавање на карбонски заден спојлер, пошироки карбонски крила напред, додека надворешноста е мешавина од традиционалните BMW M бои и црни или карбонски детали.

Сепак многу поинтересно е под хаубата. 3.0 литарскиот 6-цилиндричен реден агрегат е доработен, од кого се извадени 600КС и 830Њм вртежен момент, за разлика од фабричките 450КС и 550Њм вртежен моемнт, со додавање на нови турбо полначи, интеркулер и карбонски усисен систем.

Mаnhart исто така додаде специјално изработена електроника која ќе може да се мапира, за контрола на новиот хардвер и доработениот менувач. Модифицирана е и суспензијата во соработка со H&R, а сето тоа е комплетирано со нови бандажи заедно со Michelin Pilot Sport Cup 2 гуми, 255/30 напред и 295/25 назад.

Целиот тунинг пакет чини 18.907 евра или 22.871 долари според моменталниот курс.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *