Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Погледнете како изгледа Wankel собир во Јапонија (ВИДЕО)

Погледнете како изгледа Wankel собир во Јапонија (ВИДЕО)

Од секогаш коментарот за Јапонија бил „Како на друга планета“…

Ентузијастите и љубители на ротирачки мотори сеуште се на сцена во Јапонија, и да, високо котираат. Тоа е една посебна автомобилска култура која ќе остане присутна со години во иднина.

Ротирачките мотори имаат доста богата историја која за Mazda започна во доцните 60-ти години кога Mazda дебитираа со Cosmo во 1967.

Cosmo моделот беше еден од првите сериски произведени автомобили со два ротирачки Wаnkel мотори, а Mazda стана единствен производител на автомобили со вакви мотори.

Легендата започна со моделот RX3, потоа пристигна RX7, а заврши со моделот RX8. Mazda исто така ја освои трката на издржливост 24часа Ле Ман во 1991 година со легендарниот модел 787В.

Властите беа толку многу импресионирани од перформансите на овој модел што структурата за санкционирање во склоп на организацијата на Ле Ман забрани автомобили со мотори без клипови од натпреварите после победата во 1991 година.

Погледнете како изгледаше ова шоу:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *