Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Погледнете jа новата ФАРМКАНА на Џереми Кларксон (ВИДЕО)

Погледнете jа новата ФАРМКАНА на Џереми Кларксон (ВИДЕО)

Поранешната ѕвезда на Top Gear, а сегашната на The Grand Tour – Џереми Кларксон, е познат по своите луди идеи, што може да се види и во неговиот најнов проект наречен Фармкана.

Овој проект на Кларксон е направен во стилот на познатата Гимкана на Кен Блок, во кој што познатиот водител во негов стил се обидел да вметне солидна доза на англиски хумор, што го прави навистина уникатен. Како возило за овој проект, кој што е снимен на класична англиска фарма (што можете да заклучите и од името), Кларксон користи Subaru WRX SТi.

И покрај тоа што на прв поглед изгледа се совршено, работите изгледаат сосема поинаку кога ќе се погледнат од еден поинаков агол – преку видеата што се правеле позади сцената додека траело креирањето на Фармкана.

Целата и најновата епозода од The Grand Tour можете да ја погледнете на следниов линк, додека проектот Фармкана започнува од 42та минута на видеото.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *