Toa дека Lamborghini Murcielago за сигурно останува опасен автомобил за некоја категорија на луѓе, тоа го докажува уште еден уништен, овој пат модел SV и тоа во Тајланд. Сопственикот на скапиот и лимитиран V12 суперавтомобил, сега веќе уништен, друг пат дефинитивно ќе размисли на кого ќе му позајмува свој автомобил.
Да, до збор е точно. Вистинскиот сопственик на овој суперавтомомобил го позајмил на свој пријател, кој загубил контрола над воланот удирајќи се во палма застанувајќи до патот, откако удрил и моторциклист. После ова неговиот сопственик може да си го избрише од глава овој автомобил, бидејќи во ваква состојба, единствено каде може да послужи е на отпад.