Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Полициска рација во BMW, на повидок нов дизел-скандал!
General view of the headquarters of German luxury car maker BMW in Munich March 17, 2015. BMW will hold its annual news conference in Munich tomorrow. REUTERS/Michaela Rehle (GERMANY - Tags: TRANSPORT BUSINESS TPX IMAGES OF THE DAY)

Полициска рација во BMW, на повидок нов дизел-скандал!

Денес се случи полициска рација во BMW, каде што од страна на надлежните биле барани докази за нова дизел афера.

Денес, од страна на германските обвинители биле претресени просториите на BMW во Германија и Австрија. Тие се обиделе да пронајдат докази за направите кои што се вградувале во возилата на баварскиот производител кои што ги лажирале информациите за емисијата на издувните гасови. Околу 100 полицајци и службеници за спороведување на законот беа дел од оваа акција, која што се спроведе во главниот штаб во Минхен и во фабриката во Австрија. Во оваа фабрика се вработени 4500 лица и произведува по 6000 мотори на ден.

Како што известува “Ауто Њус”, надлежните органи објавиле дека истрагата за овој случај започнала пред еден месец и се спроведува против непознат број на лица кои што се осомничени за инволвираност во оваа измама.

Како и да е, од BMW велат дека наодите на надлежните не откриваат “намерни манипулации” на емисијата на штетни гасови и дека обвинителите барале “погрешно распределен” софтвер во околу 11.400 возила, составени од моделите BMW 750d и M550d.

Минатиот месец ,BMW отповика 11.700 возила за да го поправи проблемот со софтверот кој што менаџира со моторот. Причината која што ја наведоа од BMW за ова отпoвикување е инсталирањето на погрешна програма.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *