Home / Latest Articles / После Францускиот Кол Сент Пјер, следи Португалската Рампа Да Фалпера за Стефановски

После Францускиот Кол Сент Пјер, следи Португалската Рампа Да Фалпера за Стефановски

Изненадувачката одлука која дојде од таборот на тимот на Игор Стефановски беше категорична, “Се враќаме на Европско првенство на ридски патеки.

Оваа одлука се подготвуваше цела зима, а Стефановски го одбра автомобилот Hyundai i30N TCR со кој настапи во Група 3 од Категорија 1.

Како дел од тимот на Стефановски оваа сезона уште на првата трка можев да видам потешкотии со адаптирањето на автомобилот во Група 3 поради деталниот и помалку комплициран Перформанс Фактор кој ги сместува автомобилите во нивните одговарачки групи на натпреварување.

После преправките на автомобилот, Стефановски се најде во Група 3 каде имаше седум конкуренти, највеќе од сите групи. Во неговата група се вброија домаќинот Николас Грание (Seat Leon Cup Racer), минатогодишниот шампион Антонино Мињиуоло (Mitsubishi Lancer Evo9), Матија Јуришиќ (Skoda Fabia S2000), Томас Вавринек (Mitsubishi Lancer Evo9), Војтек Бејда (Porsche 911GT3 Cup) и Хозе Алонсо Листе (Ginetta G50 GT4)

За тркачкиот викенд на 5080 метарската патека беа закажани два тренинга во сабота и две трки во недела, каде збирниот резултат од двете трки се земаше предвид. Првиот тренинг помина според очекуваното, прилагодување на автомобилот и возачот на патеката. Проблем се јави во вториот тренинг кога пред самиот старт на тренингот во предстартот, автомобилот на Стефановски претрпе штета и создаде проблем со сопирачките поради што тој не успеа да го стартува.

Но сепак, проблемот беше решен во текот на денот, а неделните две трки поминаа во најдобар ред. Николас Грание извози збирно време од 5:45.073 кое беше доволно за победа над Стефановски, на кого збирното време му изнесуваше 5:45.790 што беше за само 0.717 секунди поспоро, како резултат на грешка на стартот што ја имаше Стефановски која го чинеше победа.

Трет на подиумот во Група 3 заврши Антонино Мињиуоло на кого збирното време му изнесуваше 5:46.014, поспоро за неполни 0.3 секунди од она на Стефановски. Четврти беше Матија Јуришиќ (5:50.994) пред Томас Вавринек (6:01.311) и Војтек Бејда (6:03.769). Хозе Алонсо Листе не ја стартуваше трката.

Како целокупен победник од Категорија 1 (Туринг автомобили) најбрз беше неприкосновениот Карл Шагерл во добро познатиот автомобил VW Golf MK2 Rally со 700КС, кој за прв пат оваа година стартуваше во поход на целиот Европски шампионат, кој воедно беше победник и во Група 1. Во истата група на третата позиција заврши повратникот на Европските ридски патеки, Хрватот Нико Пулиќ.

Во Група 2 како победник се запиша Европскиот шампион од 2013-тата, Хрватот Томислав Мухвиќ во автомобил Mitsubishi Lancer EVO9 , додека во Група 4 победник беше Црногорскиот возач Василије Јакшиќ (Mitsubishi Lancer EVO9) кој исто така атакува на Европската титула во Група 4, додека во Група 5 победник беше Пјотр Илницки позади волан на Honda Civic.

Во Категорија 2 (Отворени болиди и прототипови) како и апсолутен победник на трката, со нов рекорд на патеката беше Кристијан Мерли, кој со неговата Osella FA30 се качи за 2:13.459, додека збирното време од двете трки му изнесуваше 4:27.832. На оваа трка не гледавме директна борба помеѓу Мерли и Симоне Фаџиоли, поради приоритетниот Италијански ридски шампионат за Фаџиоли.

Следи втората рунда од Европскиот шампионат која ќе се одржи на Португалската патека Рампа Да Фалпера од 6 до 8 мај.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *