Home / Latest Articles / После 27 години, Српска посада со победа на Србија Рели

После 27 години, Српска посада со победа на Србија Рели

После пауза од 27 години, за прв пат Српска посада дојде до победа на 52то издание на Србија Рели кое по втор пат се одржа во Врњачка Бања

Српската посада Душан Борковиќ/Игор Марковиќ дојде до победа на 52то издание на Србија Рели, откако од старт до цел на релито не беа надвозени во ниту еден брзински испит во двата дена.

Искусниот Српски тркач Душан Борковиќ кој за прв пат после 10 години се враќа во оваа дисциплина, го одбра токму Игор Марковиќ кој после 16 години пауза се врати како совозач, за овој викенд да дојдат до историска победа.

На втората позиција во генерален пласман пристигна Унгарската посада Пушкади/Годор кои во ист автомобил Skoda Fabia R5 EVO, доцнеа 5:02.3 минути, додека на третата позиција пристигна Бугарската посада Ангелов/Гаџев со заостанување од 10:08.7 минути во автомобил Skoda Fabia R5.

На четвртата позиција вогенерален пласман се најде исто така Бугарска посада Василев/Добрев во автомобил Mitsubishi Lancer EVO9, пред Српската двојка Вичентиќ/Јевтиќ во автомобил Peugeot 208 R2. Вистинско разочарување беше излетувањето поради проблем со сопирачките на Владица Рабреновиќ, кој ја загуби титулата во Српскиот шампионат, а требаше само да пристигне до целта…

Останатите резултати можете да ги погледнете подолу:

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *