Home / Latest Articles / Потсетување на МАКАР, Руското чудовиште на шест тркала

Потсетување на МАКАР, Руското чудовиште на шест тркала

6×6 креацијата на Mercedes, за МАКАР е како мало детенце.

Руските дизајнери на автомобили располагаат со многу фантазија кога станува збор за изработка на возило за сите терени и сите временски услови.

Тие се навистина способни да направат незапирливо возило, а единствената работа што може да го запре е празен резервоар. Макар, пред неколку години подготви возило наречено Снегоболотоход МАКАР.

Моментално направени се само неколку примероци (досега само 4 со иста спецификација) за кои малку се знае. Познато е дека користи мотор на Toyota кој преку автоматски менувач ја пренесува силата на сите шест тркала.

Тежината на возилото е 2,6 тони, а резервоарот за гориво има капацитет од 400 литри. Според непотврдени информации, може да потроши 16 литри гориво на 100 км отворен пат, а максималната брзина што може да ја достигне е 107.5 км на час.

Во 2012, беше спроведен 20-дневен тест на Урал и полуостровот Јамал во Сибир.

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *