Home / Latest Articles / Прва победа за Игор Спиров „Зизи“ на БМУ Европскиот шампионат во мотоциклизам!

Прва победа за Игор Спиров „Зизи“ на БМУ Европскиот шампионат во мотоциклизам!

Овој викенд се вози последната рунда од БМУ Европскиот шампионат во мотоциклизам на патеката Серес во соседна Грција

Македонкиот мотоциклист Игор Спиров, попознат како Зизи, успеа да извојува победа во најсилната класа F1000. Ова за него е прва победа оваа сезона и тоа замислете на мокра патека и крајно лоши услови на патеката.

„Пресреќен сум поради победата. Оваа патека е многу опасна и тешка за возење кога подлогата е влажна. Голем број на брзи возачи излетаа и паднаа денес, можеби бидејќи ја потценија патеката или пак поради преголема желба за повисока позиција. Со Ивчевски бевме на првата и втората позиција, неколку пати си ја разменивме првата позиција, но во еден момент тој загуби контрола над мотоциклот и падна во пласманот подолу. Прекрасно е чувството да се победи на вака тешки услови. Утре не очекува сончево време и сува патека, па останува да видиме како ќе се покажеме.“ – изјави Спиров за БрзКруг.

Позади Спиров, на втората позиција заврши Јулијан Трифан, додека на третата позиција пристигна Фуркан Тахсин Идгу. Позади пиедесталот завршија Гергина на четвртата позиција и Гута на петтата. Топ десетте ги комплетираа Бакалов, Какламанис, Гоидеа, Сербан и македонскиот натпреварувач Слободан Ивчески на десеттата позиција.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *