Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / ЕКСКЛУЗИВНО: Првите фотографии од Ferrari 488 GTO

ЕКСКЛУЗИВНО: Првите фотографии од Ferrari 488 GTO

Ова се првите шпионски фотографии од Ferrari 488 GTO и се надеваме дека нема да чекаме уште долго до неговото официјално објавување.

Веќе подолго време се слушаа гласини дека Ferrari работи на хардкор тркачка изведба на 488 GTB. Конечно беа објавени првите шпионски фотографии на Инстаграм од страна на ferrariphotopage, каде што се тврди дека ова е одговорот на Ferrari за Porsche GT2 RS. Фотографиите се направени на приватна презентација во Италија и мораме да признаеме дека овој автомобил изгледа навистина лудо.

Гласините велат дека овој автомобил ќе се вика 488 GTO во чест на легендарниот 288 GTO, што сугерира на негов наследник. Според истите гласини, 488 GTO ќе биде опремен со V8 агрегат со моќност од над 700 коњски сили. За споредба, стандардниот 488 GTB е опремен со 3.9-литарски твин-турбо V8 со моќност од 661КС.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *