Home / Latest Articles / Презакажаната кружна трка во Кичево се одржува овој викенд

Презакажаната кружна трка во Кичево се одржува овој викенд

После преместувањето на датумот од минатиот викенд поради недостапни мерни екипи на балканов, овој викенд ќе се одржи кружната трка во Кичево

Во организација на ПРИМО АВЈ овој викенд на патеката во склоп на касарната во Кичево ќе се одржи меѓуклупскиот шампионат на кружни патеки, а учество ќе земат повеќе од 20 натпреварувачи. На сите ни е позната екстремно лошата состојба на македонскиот автоспорт, но работите полека но сигурно се менуваат, а вистинските љубители прават се што е возможно да го извадат автоспортот од под земја. Кичево важи за многу позната патека во регионот, но нередовното организирање на трки резултираше со големо запоставување на истата.

Поради тоа, организаторот со полна пареа работи на расчистување и приспособување на патеката, а исто така ќе се превземат и ригорозни мерки доколку истата не се остави исчистена после трката, нагласи организаторот. После завршувањето на минатата трка во Кичево имаше мали незадоволства околу отпадоците за кои присутните не се погрижија како што треба, но овој пат еден од приоритетите како почитување на сатницата ќе биде и одржувањето на чистотата на патеката.

Како почитуван медиум за авто-мото спорт во Македонија праќаме апел до сите возачи и присутни овој викенд во Кичево – Погрижете се за отпадоците кои ќе ги оставите после вас, нека бидат фрлени каде што им е местото, не правете го надвор она кое не го правите дома. Бидете пример за човекот до вас и имајте прекрасен и возбудлив тркачки викенд!

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *