Се започна во 2012 година кога McLaren го претстави хипер автомобилот P1.
Првиот хибридизиран производ кој го понудија од компанијата располагаше со 727КС, забрзуваше од 0 до 100км/ч за 2.8 секунди, целосно електричен можеше да помине 31км, но чинеше 1 милион долари. Но сега McLaren нуди нешто многу поприфатливо.

McLaren Artura е првиот хибриден автомобил кој ќе се произведува сериски. Располага со 3.0 литарски V6 твин турбо агрегат кој произведува 577КС и 584Њм вртежен момент, додека електричниот мотор дополнува со 94КС и 225Њм, за комбинирана сила од 671КС и 804Њм вртежен момент.
Од 0 до 100км/ч на McLaren Artura му требаат три секунди до електронски ограничената максимална брзина од 330км/ч. Цената на основниот модел во САД изнесува 225.000 долари, а на располагање се дополнителни три опции: Performance, TechLux, и Vision. Иднината е сега.
