Home / Latest Articles / Претставување на безбедносниот автомобил на MotoGP шампионатот

Претставување на безбедносниот автомобил на MotoGP шампионатот

После кратката најава минатата година, BMW открија нови детали за безбедносниот автомобил BMW M5 за MotoGP шампионатот

Подготвен да служи овој викенд на првата трка од MotoGP шампионатот на патеката Лосаил во Катар, автомобилот може да покаже нови детали на себе. Тука се: Уникатната надворешност, ролбар и седишта од M4 GTS.

Овој модел исто така е опремен со M Performance детали од карбонски влакна, како предна решетка, ретровизори, заден дифузер и заден спојлер. Исто така, дизајнерите инсталираа титаниумски издувен систем со карбонски додатоци.

Промените во стајлингот не запираат тука. Овој автомобил располага со уникатен преден сплитер, кој специјално беше направен за овој автомобил, а тука се и неизбежните безбедносни светла на покривот и во предната решетка.

Како и стандардниот модел, безбедносниот автомобил располага со 4.4 литарски M TwinPower Turbo V8 агрегат кој од себе вади 600КС и 750Њм вртежен момент.

Агрегатот е поврзан со тркалата преку 8-степен автоматски менувач, како и погон на сите тркала. Се ова ќе му овозможи забрзување од 0 до 100км/ч за 3.4 секунди.

Како за информација, овој модел BMW M5 MotoGP Safety Car ќе користи како платформа за развој на новиот модел на BMW, M5 Competition.

Овој автомобил ќе биде само едно од возилата кои ќе даваат поддршка на MotoGP шампионатот оваа година, додека останатите возила се: BMW M3, M4 Coupe и M6 Gran Coupe. Баварската компанија исто така ќе отстапи и X5 M модел, за медицински услуги, како и два S 1000 RR мотоцикли.

Цела поддршка околу безбедноста е од BMW, а токму тие немаат претставник во шампионатот. Што мислите на тоа?

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *