Home / Latest Articles / Револуционерен проект; Банкина која спасува животи!

Револуционерен проект; Банкина која спасува животи!

Ова можеби изгледа како секојдневна банкина, но кога ќе ја видите во акција дефинитивно ќе останете вчудоневидени

Светот е полн со добри луѓе кои константно бараат начини да ја применат својата креативност за да им помогнат на другите. Ова е уште еден пример за тоа. Металните банкини покрај патиштата се наменети за да им ги заштитат животите на оние кои загубиле контрола над воланот на автомобилот, да не излетаат од патот. Но сепак ако автомобил удри во овие банкини со голема брзина, последиците можат да бидат сериозни.

Неодамна Јужно Корејската комапнија ETI разви нов тип на банкина која е специјално дизајнирана да им ги заштити животите на возачите и да ја намали шансата за повреда на возачите и совозачите, со тоа што се вметнати пластични ролери помеѓу металните столбови на банкината. Металниот дел ја апсорбира силата при ударот на автомобилот, а во истиот момент ролерите започнуваат да се вртат при што автомобиолот започнува да се лизга по банкината без превртување, а во исто време исто така намалена е и можноста за штета на автомобилот и било кое друго возило што ќе дојде во контакт со овој тип на банкина.

Погледнете за што станува збор во видеото подолу:

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *