Home / Latest Articles / Ридската трка Б.А.Т. Поди – Херцег Нови одржана со огромен ентузијазам

Ридската трка Б.А.Т. Поди – Херцег Нови одржана со огромен ентузијазам

Денес на програмата во Херцег Нови беше вториот дел од викенд манифестацијата – ридската трка Б.А.Т. Поди Херцег Нови 2020, денот за трка.

Како што ги пратевме подготовките за оваа трка, јасно беше дека организаторите работеа и се подготвуваа со огромен ентузијазам. Патеката беше поправена на неколку места со нов асфалт, како и деталното чистење по целата должина на патеката.

Исто така обезбеден беше и директен пренос на трката со две камери, на стартот и на последниот свиок пред целта, кој претставува еден од најопасните делови на патеката бидејќи се пристигнува со речиси максимална брзина.

Денешното сончево време и тоа како ги расположи 40-те пријавени возачи кои за разлика од денес, со маки се справуваа на вчерашните тренинзи на кои падна дожд на и така лизгавата патека.

Во генерален пласман победата ја однесе Франо Дубрета во нов автомобил за него Cupra Leon TCR кој извози со вкупно време  од 4:08.175 на 4.470 метарската патека.

Позади него на втората позиција беше Филип Петковиќ со автомобил Mitsubishi Lancer EVO 9 кој исто така се справува со нова техника на погон на сите тркала, за разлика од Honda-та со преден погон од минатата сезона. Неговото вкупно време изнесуваше 4:13.642

Квалитетните временски услови донесоа и најдобро време досега во класата N-2000 од страна на Василије Јакшиќ позади волан на автомобил Honda Civic Type-R со време од 2:06.660 кое е подобро за 2 секунди од времето на минатогодишниот шампион Марко Тујковиќ во класата N-2000.

На четвртата позиција заврши Марко Даниловиќ со вкупно време од 4:25.834, додека на петтата позиција во генерален пласман и со победа во класата Н-1600 се закити Немања Кашчелан.

Исто така најдобро време досега на оваа патека имаше и Марко Аџиќ во класата 1000Н, кој победи во ривалската трка помеѓу него и Елдин Сенадовиќ.

После првата трка во клупска конкуренција води АМСК Котор со 75 поени, пред АМСК Црмница со 68 и  АМСК Подгорица Рејсинг со 65 поени.

„Овогодишната прва ридска трка исто така е прва ридска трка и во Европа после пандемијата од COVID19, па затоа се беше одработено според важечките препораки и процедури на министерството за здравство и министерството за спорт, кои се однесуваат  за натпреварите на отворено.

Затоа и во кратко време беше многу напорно да се подготви се што е потребно за организација на оваа трка, како и безбедност за сите возачи и присутни. На задоволство на сите возачи и публика, како и на организаторот АМСК Поди од Херцег Нови, трката е успешно реализирана.

БАТ Поди Херцег Нови 2020 исто така е прва трка после 10 години која е организирана под капа на новооснованиот Авто и Картинг Сојуз на Црна Гора, па затоа оваа година се вози Шампионат на Црна Гора наместо Првенство на Автомото Клубови.“ – изјави организаторот на трката.

Фото: Lucicphotography

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *