Home / Latest Articles / Ридска Трка Глава Зете – Радуловиќ најбрз, Јакшиќ веднаш позади (Резултати од тренинг)

Ридска Трка Глава Зете – Радуловиќ најбрз, Јакшиќ веднаш позади (Резултати од тренинг)

Овој викенд можевте да бирате помеѓу две квалитетни трки, ридската во Црна Гора – легендарната Глава Зете и кружната трка во Бања Лука на патеката Залужани, каде и на двете трки каде и да одберевте, ќе можевте да видите квалитетни автомобили и жестока балканска борба за највисока позиција.

Оваа 6.900 метри долга патека, долги години на назад претставува вистински предизвик за натпреварувачите од Црна Гора, но и од околните земји. Рекордот на патеката го држи Јован Ачимиќ со време од 3:29.721 минути со прототип Osella PA20/S.

На денешното тренинг возење најбрз на патеката беше Дражен Радуловиќ со автомобил Mitsubishi Lancer EVO IX во класата N+3000 со време од 4:07.774 додека веднаш позади него со второ најбрзо време се најде супер брзиот Василије Јакшиќ со автомобил Honda Civic Type-R кој воедно беше најбрз во Група N-2000 со време од 4:14.078.

Немања Кашчелан стигна трет со време од 4:20.725 позади воланот на неговиот перфектно подготвен автомобил Honda Civic во класата H-1600, додека со четврто време (4:20.994) се качи Мирко Вујачиќ во Citroen C2 Група А, а петто време освои Никола Асановиќ (Honda Civic Type-R Gr. N-2000).

Шести најбрз на денешните тренинзи беше Горан Вучковиќ пред Жељко Баничевиќ на седмата позиција, додека како осми и деветти на целта пристигнаа Марко Даниловиќ и Зоран Рајхел. Топ 10-те ги комплетираше Стеван Бановиќ.

Марко Тујковиќ успеа само до 11-тата позиција со време од 4:40.008, додека позади него до 15-тата позиција се наредија Дејан Миловиќ, Бошко Тујковиќ, Бојан Радовиќ и Јован Перуновиќ. Најголема борба се води во Група N-2000 каде Јакшиќ е моментално убедливо најбрз и во Група А-1.150 каде повторно после Котор, најбрз е Бошко Тујковиќ со време од 4:45.482.

Во исчекување сме на утрешната трка, а до тогаш погледнете ги времињата подолу:

 

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *