Home / Latest Articles / MotoGP: Роси потпиша нов 2-годишен договор со Yamaha

MotoGP: Роси потпиша нов 2-годишен договор со Yamaha

Легендарниот возач на фабричкиот тим на Yamaha, Валентино Роси, потпиша нов 2-годишен договор со својот тим.

И покрај тоа што договорот на Италијанецот истекува на крајот од оваа сезона, веќе некое време беше очекувано ова продолжување, особено по претсезонските тестирања кога самиот најави дека планира да остане во Мото ГП шампионатот до крајот на 2020-та. Роси минатиот месец наполни 39 години, што значи дека ќе се трка до 41. Тој ќе биде првиот Мото ГП возач што се трка во своите 40-ти по Колин Едвардс во сезоната 2014-та.

Негов тимски колега до завршувањето на овој договор ќе биде Маверик Винјалес бидејќи Шпанецот веќе го продолжи својот до крајот на 2020-та.

“Кога го потпишав мојот последен договор со Yamaha во март во 2016-тата, се прашував дали тоа ќе биде мојот последен договор како Мото ГП возач. Во тоа време решив дека конечната одлука ќе ја донесам во следните две години, до завршувањето на договорот. Во последните две години дојдов до заклучок дека сакам да продолжам со тркањето како Мото ГП возач и тоа со мојот мотоцикл Yamaha M1 – тоа прави да се чувствувам навистина добро.” – изјави Роси.

“Сакам да им се заблагодарам на Yamaha за нивната доверба кон мене бидејќи ќе се соочам со голем предизвик, да бидам конкурентен и по 40-тата година. Знам дека ќе биде многу тешко и дека тоа ќе бара многу напор од моја страна, но јас сум подготвен. Ја имам потребната мотивација и затоа потпишав нов 2-годишен договор.” – додаде тој.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *