Home / Latest Articles / Сер Стирлинг Мос, еден од најголемите тркачки возачи, почина на 90 години (Документарен Филм)

Сер Стирлинг Мос, еден од најголемите тркачки возачи, почина на 90 години (Документарен Филм)

Потврдено изутринава од неговата сопруга Лејди Мос, Сер Стирлинг Мос почина после долго боледување…

Во негова чест ви го претставуваме документарниот филм подолу, во кој Сер Патрик Стјуард како водител ги открива најинтересните моменти во кариерата на оваа легенда.

Иако тој никогаш не освоил титула Светски шампион во Ф1, Мос и покрај тоа беше насловуван како најдобар на сите времиња. Во текот на 50-тите и 60-тите години од минатиот век тој победи на 212 од 529 трки од различни формула натпреварувања. Неговата кариера заврши после сериозната незгода на Гудвуд во 1962 година.

Во неговата Ф1 кариера помеѓу 1951 и 1961 година, Сер Стирлинг заврши како Вице шампион четири пати, додека на третата позиција заврши три пати. Освои вкупно 16 победи, како и на Британското Гран При во 1955 година кога го победи неговиот тимски колега Хуан Мануел Фанџо.

Сер Стирлинг е најдобриот возач кој никогаш не освоил Ф1 титула, но се води како најдобар и најуспешен возач кој се натпреварувал во повеќе различни шампионати. Тој победи на исцрпувачката трка Mille Miglia во 1955 во Mercedes 300 SLR, исто така извојува победа во неговата класа на Le Mans во 1956 позади волан на Aston Martin DB3S, а заврши на втората позиција на легендарното Монте Карло Рели во 1952 година позади волан на Talbot Sunbeam.

После неговото пензионирање тој на неколку пати се појавуваше во различни релија и трки на издржливост, дури и се одлучи на враќање во трките со целосна сезона во Британскиот туринг шампионат во 1980 година.

Тој се повлече од јавноста дури пред две години после домашна незгода во која се здоби со фрактури на двата зглоба на нозете, а до пред тоа повлекување Сер Стирлинг Мос беше редовен на моторспорт евентите низ Велика Британија и наоколу, како и на Фестивалот на брзината Гудвуд каде тој често повторно се обединуваше со некои од неговите легендарни автомобили.

„Почина како што живееше, изгледајќи прекрасно. Тој едноставно се измори на крајот и ги затвори неговите прекрасни очи и тоа беше тоа.“ – изјави Неговата сопруга Лејди Мос.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *