Home / Latest Articles / Симоне Фаџиоли е победник на 27 издание на ридската трка Илирска Бистрица

Симоне Фаџиоли е победник на 27 издание на ридската трка Илирска Бистрица

Во конкуренција од 211 возачи, Фаџиоли и Шагерл ја освоија Илирска Бистрица

Претпоследната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки му припадна на Италијанскиот возач Симоне Фаџиоли (Norma) кој овој викенд како и многу трткачки викенди досега, најбрзо се качи на 5001 метарската патека Илирска Бистрица, после која следи финалето на Бузет во Хрватска.

Фаџиоли и во двете возења имаше по околу 1.5с предност пред неговиот најголем конкурент и сонародник Кристијан Мерли (Osella), со тоа што победата ја освои со збирен резултат од 4:08.312 минути, за 2.928 секунди пред Мерли, додека трет на подиумот во Категорија 2 се искачи Себастиен Петит со заостанување од 9.358 секунди.

Во Категорија 1 кај туристичките автомобили Карл Шагерл во VW Golf Mk2 Rallye извојува сигурна победа со предност од 9.331 секунди пред Себастијан Дубај во Lаncer EVO 9, Рони Брачи ја загуби третата позиција за само 0.640 секунди во двете возења од Дан Мичл.

Победата во Хрватскиот шампионат во генерален пласман помеѓу Дејан Димитријевиќ и Домагој Перековиќ овој пат ја однесе Димитријевиќ позади волан на Seat Lеon кој извози збирно време од 4:57.366 кое беше за 4.215 секунди побрзо од Перековиќ кој во првата трка беше побрз за 3 секунди, но втората трка ја изгуби со заостанување од 7 секунди.

Целосните резултати погледнете ги на следниот линк:

https://results.omikronplus.si/live/ilirska2021/live.html

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *