Home / Latest Articles / MotoGP: Спектакуларниот пад на Лоренцо во Катар со брзина од 180км/ч (ВИДЕО)

MotoGP: Спектакуларниот пад на Лоренцо во Катар со брзина од 180км/ч (ВИДЕО)

Да го погледнеме спектакуларниот пад на возачот на Ducati, Хорхе Лоренцо, за време на трката во Катар.

И покрај тоа што неговиот тимски колега Андреа Довициозо успеа да триумфира на првиот Гранд При викенд од оваа сезона, Лоренцо имаше пад поради кој што не успеа да ја заврши трката во Катар. Причината за овој пад беа сопирачките. Петкратниот шампион, кој што е најуспешниот возач на оваа патека, вели дека целосно останал без сопирачки.

Што се случи во трката? Интересно прашање. Имав проблем со предните сопирачки бидејќи беа прегреани и се обидов да ги користам што помалку. Потоа, кога почнав да се чувстувам посигурно, почнав да возам побрзо и да ги стигнувам возачите пред мене. Но кога се обидов да го претекнам Ианоне во свиокот број 4, целосно ги загубив сопирачките и контролата над мојот мотоцикл.” – објаснува Лоренцо.

“Морав да скокнам за да избегнам судир со ѕидот. Имав голема среќа што ова не се случи во првиот свиок каде што се вози со брзина од 300км/ч, туку се случи при брзина од 180км/ч.” – додаде тој.

Да го погледнеме овој пад, од кој што Лоренцо се извече без повреди:

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *