Home / Latest Articles / Стенковец е локацијата на последната трка од БМУ Европскиот ендуро шампионат за 2017

Стенковец е локацијата на последната трка од БМУ Европскиот ендуро шампионат за 2017

Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) во партнерство со МК Александар и МК Мотори од Скопје, а поддржани од Агенцијата за млади и спорт се организатори на последниот натпревар во рамки на БМУ Европскиот ендуро шампионат

Трките ќе се одржат на 4 и 5 ноември на Воениот полигон Стенковец крај Скопје и на падините на Скопска Црна Гора.

„Со оглед на нашето долгогодишно искуство во организација на мото натпревари, одлучивме да се кандидираме и од страна на БМУ ја добивме довербата да го организираме последниот натпревар во сезоната. Бројот на пријавени ги надмина нашите очекувања и само ја потврдува потребата за организација на ваков натпревар кој ќе ги одлучи шампионите во сите класи. Учесниците ќе имаат можност да ги прикажат своите вештини и на специјалните испити кои ги подготвивме, а за најдобрите по класи се предвидени и пригодни награди“ – изјави Зоран Наумовски, Претседател на МФМ.

Учесниците ќе бидат поделени во 3 категории: MOTO; ATV/QUAD и UTV/SSV возила. Патеката се состои од брзински испити од природни и вештачки пречки, како и поврзувачки етапи по природни терени на околните ридови.

Вљубениците на „октанските“ спортови, во сабота 4.11. и недела 5.11. од 10 часот ќе може да уживаат во умешноста на најдобрите македонски и странски учесници во ендуро. Најавено е учество на стотина натпреварувачи, а куриозитет е пријавата на натпреварувач од Финска.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *