Monday , May 17 2021
Home / Latest Articles / Стефановски ја стартуваше 2021 сезона

Стефановски ја стартуваше 2021 сезона

Македонскиот автомоблист Игор Стефановски ја започна неговата кампања за 2021 година овој викенд во храмот на брзината, патеката Монца во рамките на Италијанскиот TCR шампионат.

Оваа година тој заедно со PMA Motorsport позади волан на Hyundai i30 N TCR ќе атакуваат на највиоките позиции со план за цела сезона од календарот на Италијанскиот TCR шампионат.

Денес на Монца во измешани временски услови беа извозени два слободни тренинзи од кои во првиот тренинг Стефановски имаше четврто време, додека во вториот тренинг не успеа да направи подобро време поради проблеми со автомобилот.

Проблемите беа решени за квалификациите на кои Стефановски се избори за вториот стартен ред и четвртата позиција во конкуренција од 26 возачи, додека пред него ќе стартуваат Ерик Бриљадори (Audi) од првата позиција пред Матео Полони (Audi) и Салваторе Тавано (Cupra) од втората и третата позиција.

Позади Стефановски од петтата позиција ќе стартува Анти Бури (Hyundai) пред Џонатан Џакон (Honda) Кевин Чекон (Hyundai), Матиас Вател (Honda) Евгени Леонов (Cupra) и Никола Балдан (Hyundai) кој ги комплетираше топ 10-те.

Првата трка е со старт во сабота во 13:40, додека втората трка е на програмата во недела од 10:10 часот. На следниот линк погледнете ги подетално времињата постигнати по стинтови:

https://livedataacisport.perugiatiming.com/Sessioni/6676d1c4-0c5c-4fdd-bb4a-6b8dc9191801/2?fbclid=IwAR1eD4teB4f5OBsxazOMMSNOImnD-bNLAX6OqlI8Qnl0qieUu4kFUdEvGGc

Фото: TCR Italy

Check Also

TCR Europe: Словакиаринг овој викенд е првата станица за ПСС Рејсинг Тим

Започнува 2021 сезона во Европската ТЦР Серија После долгата зимска пауза и тренинзите обавени на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *