После најавата и големите очекувања за одржување на легендарното Водно, дојде моментот на вистината, неговото откажување
Организаторите најавуваат преместен термин во Август, при што изјавија дека трката е преместена поради лошата политичка ситуација во Македонија.
Како организаторите го изјавуваат ова, така и ние дознаваме дека во истиот ден ќе се одржи маратон низ главниот град и дека ова е главната причина. Политичката ситуација е лоша за одржување на трка, но не и за маратон? Добро, можеби, но во некоја друга димензија, во која би поверувале на овакви ситуации. Сепак неофицијално дознаваме дека поради поклопувањето на трката со маратонот, одлучено е трката да биде откажана бидејќи голем број на полициски статисти ќе бидат употребени за маратонот, па не останале доволно за да бидат распоредени за трката…
Како и да е трката е откажана, а Водно останува и понатаму во нашите сеќавања…
Zoshto AFM prodolzuva so lagite??? Pristignatite samo 3 prijavi vo predvideniot rok e pricina za otkzuvanje na trkata, seto ostanato e izmislica!
DA GO SPASIME MAKEDONSKIOT AVTOMOBILIZAM:
1. Priem na chlenki -klubovi bez ednokratna upisnina od 200.000 denari ( so ova kje im se ovozmozi nastap na dopolnitelni 20 vozaci, broj koj e 7 pati pogolem od prijavenite 3ca)
2. Ostavka na kompletnoto rakovodstvo na AFM ( da im se dozvoli na posposobnite koi imaat plan i strategija za izlez od momentalnata losha sostojba)
3. Dozvola na mnozinstvoto natprevaruvachi ( nositeli na avtomobilizmot) da izburaat rakovodstvo
Se dodeka ne se ispolnat 3te tocki vo celost, avtomobilizam vo Makedonija nema da moze da ima!
Трката е откажана првично поради НЕ доставување на актуелен елаборат за безбедност од страна на организаторот во МВР и со истото не е издадено, односно е одбиено издавањето на, решение од надлежната институција. Генерално подобар изговор на организаторот е тоа дека за елаборатот да се изработи треба време (неколку часа максимум) отколку да се посрамоти со организација на Водно 2017 на која би настапиле 6-7 возачи. Одлуката за откажување на трката е донесена по откажување на настапот на Црногорските возачи во чиј шампионат и беше најавена оваа трка, а најверојатно и на возачите кои планираа да настапат на „трката“ од Косово од кои не беше доставена ниту една пријава до истекување на датумот.
Додека тотално неспособни и алчни за фотеља лица ја водат АФМ ситуацијата со авто спортот во Р. Македонија ќе остане на ова ниво. Секако агендата им е исполнета, трката е откажана два дена пред закажаниот датум, „трошоци“ секако се направени, ќе се покријат во нечии џебови, поштари ќе мрсат бркови… На крај од годината сигурно ќе се прогласат и „шампиони“ како и во минатите години, а ние останатите ќе ја чекаме Водно 2018 и ќе се надеваме на подобра иднина…