Home / Latest Articles / Том Коронел на два туринг фронта – WTCR и TCR Europe

Том Коронел на два туринг фронта – WTCR и TCR Europe

Том Коронел ја потврди неговата двојна туринг мисија за оваа сезона.

Познавајќи го како крајно позитивен карактер и сестран возач и секако како медиумска звезда на социјалните мрежи, тој објави нешто сосема возбудливо. Холанѓанецот потврди борба на два фронта и тоа во Светскиот туринг куп (WTCR) и во Европската TCR Серија (TCR Europe)

Холандскиот возач ќе вози Audi RS 3 LMS за Comtoyou Racing во Европската програма, но со постарата верзија на автомобилот за разлика од новиот модел кој ќе го вози во Светскиот туринг куп.

„Новиот модел е резервиран за Светскиот туринг куп, додека постариот модел е сеуште добар за постигнување успеси, што може да се види од изминативе години. Моето WTCR Audi од минатата сезона не е веќе во мои раце откако беше продадено во Полска на некого кој го посакуваше точно мојот автомобил. Партнерите и боите остануваат, со тоа што Европската програма излезе неочекувано. Пресреќен сум за ова што ќе се случува оваа сезона.“ – изјави Коронел.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *