Home / Latest Articles / Трагедија на Макау: Загина Британскиот мотоциклист Даниел Хегарти…

Трагедија на Макау: Загина Британскиот мотоциклист Даниел Хегарти…

Почивај во мир Даниел Хегарти…

Британскиот мотоциклист Даниел Хегарти загина во незгода која се случи во текот на Мото Гран При-то на Макау во саботата. Хагерти кој возеше за тимот на Topgun Racing Honda на шестиот круг од трката на свиокот Fisherman’s Bend загуби контрола и се удри во бариерите од надворешната страна на патеката од кого излета дури заштитната кацига. Трката веднаш беше прекината, поради тежината на ситуацијата не беше воопшто рестартирана.

31-годишниот Хегарти веднаш беше пренесен во болница, но на патот натаму тој им подлегнал на повредите…

Хегарти родум од Нотингем за негови 31 години ова му беше втор настап на Мото Гран При Макау, а минатата година заврши на 16-тата позиција. Тој беше редовен на легендарната улична трка Isle of Man TT, натпреварувајќи се во категориите Суперспорт и Супербајк уште од 2011 година.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *