Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Турбо мотор за новата Lada Niva?

Турбо мотор за новата Lada Niva?

Иако нема да ја видиме до 2024, од Lada најавија камбек на целосно новиот теренец.

И покрај тоа што денот на претставување е далеку, има една добра работа во тоа, а тоа е што може да се променат многу работи и да се дојде до што подобар производ.

Да не се збуните, постојат два модели кои треба да се најдат во продажба. Новиот теренец ќе биде претставен во 2024 како замена за неодамна освежениот модел Niva Travel, кој претставува повеќе цивилна верзија. Повеќе теренски ориентираната верзија ќе биде претставена под името Niva Legend.

Според гласините, се очекува дека Lada и Dacia ќе бидат доста блиски, што значи дека ќе делат голем број на технологии, а помеѓу нив ќе биде и 1.3 литарскиот турбо мотор на Renault.

Иако се очекува да биде понуден 1.8 литарски атмосферски агрегат со рачен 6-степен менувач, додека опционално ќе можете да добиете и варијанта со 1.3 литарски турбо агрегат и CVT менувач кој ќе ја распореди силата на сите тркала.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *