Промотерот на ТЦР Јужна Америка најави дека од 2023 ќе стартува нова национална серија, ТЦР Бразил која ќе се состои од минимум шест тркачки викенди.
ТЦР Јужна Америка стартуваше во 2021 година, промовирана од Маурицио Славиеро, кој исто така беше бивш председател на Brazilian Stock Car Championship.
Славиеро кој исто така е директор во ETCR, исто така ќе ја промовира и новата национална ТЦР серија, што значи дека се враќа на туринг тркање со преден погон за прв пат после Campeonato Brasileiro de Marcas, шампионат кој се возеше до 2018 година.
На стартот од ТЦР Јужна Америка минатата сезона стартуваа пет Бразилски тимови (PropCar Racing, Cobra Racing, W2 Pro GP, Scuderia CJ и MC Tubarão)