Home / Latest Articles / ТЦР Европа: Аскона најбрз во првиот, Гиролами најбрз во вториот тренинг на Нирбургринг

ТЦР Европа: Аскона најбрз во првиот, Гиролами најбрз во вториот тренинг на Нирбургринг

Аскона и Гиролами во директна борба за победа на Нирбургринг

Возачот на Волкано Моторспорт Микел Аскона извози најбрзо време на првото гостување на Европската ТЦР Серија на Нирбургринг Гран При патеката во Германија. Тој успеа да заврти најбрз круг од 2:06.591, додека возачот на Македонскиот ПСС Рејсинг Франко Гиролами имаше второ најбрзо време во првиот тренинг, заостанувајќи за 0.870 позади Шпанецот.

Том Коронел беше трет, додека четврти и петти беа Теди Кларе и Клим Гаврилов. Јакум Галаш се избори за шесто најбрзо време, додека седми беше Николас Барт пред Македонскиот возач Виктор Давидовски кој имаше висока осма позиција. Деветти беше Нилс Лангевелд, додека Топ 10-те ги комплетираше Душан Борковиќ.

Во вториот тренинг следеа нешто послаби времиња по круг, но тимскиот колега на Давидовски, Гиролами, успеа да извози најбрз круг од 2:07.467, следен од Лангевелд со заостанување од 0.217, додека Аскона имаше трето најбрзо време со заостанување од 0.252 позади Гиролами.

Том Коронел заврши како четврти пред Џек Јанг на петтата позиција. Теди Кларе заврши со шесто најбрзо време, додека Исидоро Калехас, Душан Борковиќ, Николас Барт завршија на седмата осмата и деветтата пзоиција, додека Топ 10- ги комплетираше Мартин Риба. Виктор Давидовски во вториот тренинг имаше 18 време.

Кавилификациите се на програмата утре од 10:10 часот. Подолу погледнете ги целосните резултати од двата слободни тренинзи:


About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *