Home / Latest Articles / ТЦР Европа: Неверојатна борба за победа помеѓу Гиролами и Аскона

ТЦР Европа: Неверојатна борба за победа помеѓу Гиролами и Аскона

Возачите на ПСС Рејсинг и Волкано Моторспорт дефинитивно покажаа се што знаат…

Првата трка од Европската ТЦР Серија на Нирбургринг дефинитивно може да се нарече како најдобра досега, кога станува збор за борба за победа.

Исидоро Калехас стартуваше од пол позицијата, следен од Франко Гиролами. Веќе во првиот свиок Гиролами го надмудри младиот Калехас со тоа што тука започна жестоката борба за највисоката позиција на подиумот до Микел Аскона кој се проби од стартната петта позиција.

Во текот на целата трка, фокусот на камерата беше во оваа борба која им приреди на гледачите едно незаменливо искуство. Аргентинецот и Шпанецот се надмудруваа буквално во секој свиок, секако со мали контакти кои доаѓаат како шлаг на торта во туринг тркањето.

Но во последниот круг Аскона беше оној кој последен надмудри, проаѓајќи го Гиролами за четврта победа оваа сезона, додека Нилс Лангевелд го пополни третото место на подиумот.

Македонскиот возач Виктор Давидовски имаше квалитетна 9 стартна позиција, но на првиот свиок после стартот во гужвата ја загуби, паѓајќи на 18 позиција, на која ја заврши трката.

Целосните резултати од првата трка погледнете ги подолу:

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *