Home / Latest Articles / ТЦР Италија: Извонредна 8 позиција за Стефановски од стартната 16 на Имола

ТЦР Италија: Извонредна 8 позиција за Стефановски од стартната 16 на Имола

Осмата позиција на Имола беше повеќе од квалитетна за Игор Стефановски

Денес на програмата во Италијанскиот ТЦР шампионат беше првата трка од петтата и претпоследна рунда на патеката Имола. Стефановски имаше доста слабо издание на квалификациите, завршувајќи како 16-ти.

16 стартна позиција не му овозможи да се пробие при врвот, но во жестока борба за секоја позиција успеа да заврши на осмата позиција на крајот, при што во меѓувреме беше и седми, но жестоките напади за повисока позиција си го донесоа своето, значително побрзо трошење на гуми.

Победник на трката во доста блиска борба беше Салваторе Тавано, кој успеа да се одбрани од честите напади на Никола Балдан, додека трет беше Микеле Имерти. Четврти заврши Чехот Душан Корил, пред Финецот Анти Бури и Естонецот Волт Рубен.

На седмата позиција пристигна Естонецот Матиас Вател, пред Стефановски, Ерик Бриљадори и Марко Јанота кој ги комплетираше топ 10-те. Од 27 возачи кои стартуваа, 21 ја завршија трката, додека Кевин Чекон, Сандро Собек, Матео Полони, Адриано Виздомини, Никола Гвида и Фабио Антонело не успеаа да стигнат до целта.

Втората трка е утре од 13:00 часот.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *