Home / Latest Articles / ТЦР Италија: Стефановски на претпоследната трка на Имола

ТЦР Италија: Стефановски на претпоследната трка на Имола

Овој викенд а патеката Имола во Италија се одржува претпоследната рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, на која учество зема Македонскиот возач Игор Стефановски.

Денес беа одржани два слободни тренинзи, а учество земаа дури 27 возачи. Во првиот тренинг најбрзо време имаше Волт Рубен кој ја извози 4.909 метарската патека за 1:51.577. Втор беше Никола Балдан, пред Салваторе Тавано, Ерик Бриљадори и Микеле Имберти на четвртата и петтата позиција. Стефановски успеа само до 11 позиција со време од 1:53.084

Во вториот слободен тренинг возачите доста се забрзаа со тоа што Никола Балдан успеа до најбрзо време од 1:50.914, додека позади него втор најбрз беше Волт Рубен. Трети беше Тавано пред Имберти и Бриљадори на четвртата и петтата позиција.

Стефановски се убрза во споредба со првиот слободен тренинг, но успеа да направи време од 1:52.679 кое беше доволно само за 15-та позиција. Утре на програмата се квалификациите каде се надеваме за подобра стартна позиција за Стефановски.

Подолу, погледнете ги целосните резултати од првиот и вториот слободен тренинг:

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *