Thursday , June 17 2021
Home / Latest Articles / УЛИЧНА ТРКА ЗА 8000$: Nissan GT-R R35 против Ford Mustang Roush Stage 3

УЛИЧНА ТРКА ЗА 8000$: Nissan GT-R R35 против Ford Mustang Roush Stage 3

Нелегалните улични трки се секојдневие во Соединетите Американски Држави и многу често се вртат големи суми на пари во нив.

Уличната трка во следново видео е помеѓу Nissan GT-R R35 и Ford Mustang Roush Stage 3, а сумата што ќе ја освои победникот е 8000 долари! Станува збор за два многу различни, но сепак многу слични автомобили, што ветува навистина интересна трка.

Овој американски мускулест автомобил, Ford Mustang, е туниран од Roush со пакетот Stage 3. Опремен со 5.0-литарски V8 мотор и моќност од 675 коњски сили, овој Mustang е навистина достоен противник на GTR-от.

Од другата страна го имаме Nissan GT-R R35, со 3.5-литарски V6 твин-турбо мотор со моќност од 565 коњски сили. Според скудните информации во видеото, најверојатно станува збор за фабрички модел без никакви доработки.

Па да ја погледнеме оваа улична трка за 8000 долари:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *