Home / Latest Articles / Успешна организација на 2-ро Оф Роуд Шоу

Успешна организација на 2-ро Оф Роуд Шоу

Второто Оф Роуд Шоу кое се одржа во склоп на последната трка од БМУ Европскиот ендуро шампионат во областа Стенковец крај Скопје, секоја година станува се поинтересно, повозбудливо и попосетено

Оваа година учество земаа 71 мотоцикл и 7 квадови и 2 УТВ, кои беа распоредени во различни класи. Иако поинтересно ќе беше ако заврнеше дожд, сепак трката се одржа на суво и сончево време кое видно и одговараше на публиката која дојде да го испрати овој настан. Од 80 натпреварувачи трката ја завршија 50, а повеќе од 30 беа во класите Е1 и Е2

Во класата Е1 најбрз беше Христијан Станковиќ кој е член на клубот Мотостарс од Битола, додека на втората и третата позиција завршија Илија Минев и Даган Ванов. Во оваа класа настапија 18 натпреварувачи меѓу кои и познатиот ветеран Борче Костов од Битола кој заврши на шестата позиција.

Во класата Е2 кој беше најбројна со 21 натпреварувачи Михаил Бајовски (Hamachi Extreme) извојува победа и севкупно беше побрз за 49.04 секунди од Виктор Караколев на втората позиција, додека како трет најбрз на целта стигна Костадин Ќириќ.


Тука беше и класата „Олд Старс“ каде настапија ветерани, а првото место го освои Ивица Милошевиќ пред Борче Костов и Мати Натри.

Во продолжение погледнете ги резултатите од возачите кои се бодуваа за БМУ Европскиот ендуро шампионат.

Мото Клубот МК Александар и МК Мотори под покровителство на Мотоциклистичка Федерација на Македонија уште еднаш покажаа дека едноставно можат и знаат како да организираат настан од ваков тип, па затоа очекуваме уште многу подобри настани во иднина.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *