Јапонскиот производител Toyota потврди дека 2-кратниот Ф1 шампион Фернандо Алонзо ќе биде дел од фабричкиот тим на Дакар Рели.
Алонсо ќе се натпреварува на Дакар Рели во Саудиска Арабија во Toyota Gazoo Racing Hilux 4×4 кој е специјално подготвен за пустините во Јужна Африка, додека негов совозач ќе биде Марк Кома.
Тој им се придружи на Насер Ал-Атија, Жиниел Де Вилие и Бернхард Тен Бринке во проширениот Јапонски тим, што беше најавено на официјалната прес конференција.
Подготовките за Дакар 2020 започнаа во август, кога Алонзо се појави на „Лихтенбург 400“, во Јужна Африка. Потоа следеше Мароко Рели на почетокот од овој месец каде Шпанецот заврши на 26-тата позиција поради излетување во канал, иако се возеше во првите 10.
Тој постигна пласман во првите 10 во три од пет брзински испити на традиционалното загревање за Дакар.