Home / Latest Articles / Формално повлекување на Hyundai од поддршката за ТЦР Германија

Формално повлекување на Hyundai од поддршката за ТЦР Германија

Hyundai Motorsport потврдија дека формално се повлекуват од поддршка на тимови од ТЦР Германија оваа година, после три години поддршка за оваа серија.

Hyundai влегоа во ТЦР Германија во втората половина на 2018 година кога Engstler Motorsport направија промена од VW во Hyundai. За 2019 следеше поддршка цела сезона, а на крајот од истата младиот Макс Хесе им донесе шампионска титула.

Успехот продолжи и во 2020 година кога Финецот Анти Бури ја освои титулата со Hyundai Team Engstler, пред Лука Енгстлер да направи хет-трик освојувајќи ја титулата во 2021.

Engstler Motorsport веќе најавија дека се префрлаат на Honda за 2022 година, но сепак Корејската марка ќе продолжи да ги поддржува приватните тимови, но најверојатно не како што правеше со Engstler Motorsport.

Тие нема да исчезнат од серијата, бидејќи ROJA Motorsport потврди три Hyundai i30 N во шампионатот во кој Hyundai како бренд дојдоа до 28 победи од 2018 до 2021 година.

Корејскиот бренд планира да се фокусира на електричната програма во 2022 година, со новата ера во WRC со Hyundai i20 N Rally1, но и во новиот FIA eTouring Car World Cup со Hyundai Veloster N ETCR.

About vladimir

Check Also

MotoGP Катар: Првата пол позиција за Хорхе Мартин

Возачот на Pramac Ducati Хорхе Мартин дојде до првата пол позиција на стартот од оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *