Изминатиот викенд на картинг патеката Писта Азура во Италија нашиот Петар Богатиновски имаше повеќе од херојски настап како прва трка оваа сезона.
Во класата Јуниор во конкуренција од 23 возачи Богатиновски имаше квалитетен настап, но со измешани емоции. На квалификациите тој се избори за трета стартна позиција.
Во првата трка од старт од трета позиција тој извозе прекрасна трка, но во претпоследниот круг имаше мало излетување губејќи две драгоцени позиции после што заврши на петтата позиција.
На втората трка стартуваше од петтата позиција, со напредување на втората позиција, но поради удар од друг возач и превртување над него, Петар не ја заврши трката.
Сепак со повреда на раката и оштетен картинг тој одлучи да ја вози третата трка и од 22 стартна позиција тој заврши на седмата позиција, после што доби големи пофалби од другите тимови поради храброста.
Огромно БРАВО хероју наш!
