Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Хируршка интервенција за Алекс Занарди после повреда на главата

Хируршка интервенција за Алекс Занарди после повреда на главата

Параолимпиецот Алекс Занарди се наоѓа во сериозна ситуација после повредата на главата со која се здоби од незгода со рачниот велосипед

Според неколкуте изјави на различни новинари од Италија, Занарди беше вмешан во незгода со теретно возило на автопатот 146 додека учествувал во Параолимпискиот евент со рачни велосипеди ‘Obiettivo tricolore’, кој се одржа денес близу Сиена.

Незгодата се случила околу 17:00 часот по локално време, на која веднаш пристигнале пожарникари, нациналната и локалната полиција. Занарди бил пренесен со хеликоптер во болницата во Сиена каде поминал операција од речиси три часа, после што е ставен на интензивна нега.

За оние кои не знаат, Алекс Занарди е бивш Гран При возач кој два пати го победи КАРТ шампионатот пред неговата незгода на Лаузицринг во 2001, каде ги загуби двете нозе, после што продолжи да се натпреварува со специјално прилагодени тркачки автомобили.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *