Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Што е разликата помеѓу Супер и Хипер-автомобил?

Што е разликата помеѓу Супер и Хипер-автомобил?

Ќе се обидеме да објасниме која е генералната разлика помеѓу супер-автомобил и хипер-автомобил, имајќи во предвид дека повеќето наши читатели се љубители на големите брзини.

Но, уште на почетокот да разјасниме една работа: сите тие изрази и класификации се прилично глупави. Генерално, супер-автомобилите се многу скапи возила што поголемиот дел од својот животен век го минуваат во гаража како дел од нечија колекција. Сепак, тие се многу забавни за возење и добри генератори на адреналин. Во последните неколку години производителите го вметнуваа и терминот “хипер-автомобил”, па ќе се обидеме да ги дефинираме работите:

Во последно време можеме да забележиме употреба на три термини за овој тим па возила: супер-автомобили, хипер-автомобили и поретко мега-автомобили. Досега, вообичаено производителите решаваа за кој автомобил кој термин ќе биде користен, но ние ќе се обидеме сами да ги категоризираме работите.

Оваа класификација ќе биде направена според моќноста, цената, ексклузивитетот и техничкиот дизајн.

Супер-автомобил:

Моќност: од 700 до 1200 коњски сили

Цена: од 250 000 до 999 999 долари

Ексклузивитет: помалку од 2000 примероци

Технички дизајн: мора да има врати што се отвараат на чуден начин

 

Хипер-автомобил:

Моќност: од 1 201 до 2 000 коњски сили

Цена: од 1 до 5 милиони долари

Ексклузивитет: помалку од 1 000 примероци

Технички дизајн: мора да има врати што се отвараат на чуден начин и најмалку еден уникатен дел во моторот (KERS, Hybrid)

 

Мега-автомобил:

Моќност: од 2 001 до 3 000 коњски сили

Цена: од 5.1 до 20 милиони долари

Ексклузивитет: помалку од 200 примероци

Технички дизајн: мора да има врати што се отвараат на чуден начин, уникатен мотор и уникатен изглед

 

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *