Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Јапонскиот електричен хипер-автомобил Aspark Owl забрзува до 100км/ч за 1.9 секунди! (ВИДЕО)

Јапонскиот електричен хипер-автомобил Aspark Owl забрзува до 100км/ч за 1.9 секунди! (ВИДЕО)

Во следново видео ќе видите како Aspark Owl забрзува од 0 до 100км/ч за само 1.92 секунди, што претставува апсолутен светски рекорд за уличен автомобил.

Она што оваа мала јапонска фирма успеа да го направи, досега не им успеало на Ferrari, Lamborghini, McLaren, ниту пак на Tesla. Aspark Owl е првиот хипер-автомобил легален за употреба на улица кој што успеал да забрза до 100 километри на час за помалку од 2 секунди.

Aspark Owl е јапонски електричен хипер-автомобил, кој што своето деби го имаше на минатогодишното Франкфурт Ауто Шоу. Опремен со електричен мотор со моќност од 430 коњски сили и тежина од само 860 килoграми, Aspark Owl е вистински уличен болид. И покрај тоа што фабричките податоци велат дека може да забрза од 0 до 100км/ч, благодарение на Hoosier тркачките пневматици, успеа тоа да го направи за само 1.921. Овој автомобил е сеуште во развој и неговите креатори велат дека ќе може да достигне до 100км/ч за помалку од 2 секуди и со улични гуми.

Aspark Owl ќе биде произведен во лимитирано издание од само 50 примероци и секој од нив ќе чини околу 4.4 милиони долари.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *