Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Ви ја претставуваме новата Toyota GR Supra (ВИДЕО)

Ви ја претставуваме новата Toyota GR Supra (ВИДЕО)

Денес на Женава Авто Шоу 2018 беше официјално претставена Toyota GR Supra Racing Concept.

По долго чекање од 16 години, легендарната Toyota Supra го доби својот наследник. Овој автомобил беше развиван во соработка со BMW и ќе биде присутен на пазарот од следната година. На денешната промоција во Женева беше покажан тркачки концепт, додека уличната верзија ќе биде промовирана на овогодинешниот Њујорк Авто Шоу во април.

Според сеуште неофицијалните податоци, новата Toyota Supra ќе биде опремена со 3.0-литарски агрегат со 6 цилиндри поставени во линија и моќност од 335 коњски сили. За спринтот од 0 до 100км/ч ќе и бидат потребни 3.8 секунди.

“Денешната презентација ја покажува посветеноста на Toyota да го врати легендарното име Supra назад на пазарот. Сега веќе со сигурност знаеме дека новиот спортски автомобил на Toyota ќе го носи името Supra, со што ги побивме сите шпекулации за друго име. Да, Supra се враќа и тоа на голема врата.” – изјави Јохан Ван Зил, шефот на Toyota за Европа.

 

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *