Home / Latest Articles / 10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. Поседува мотоцикл, но она што не заинтересира е тоа што дознавме дека сака да започне со тркање…

1. Од кога започнува твојата љубов кон мотоциклизмот и од кога започнува твојата желба за натпреварување?

Мојата љубов кон моторите започна уште на мои 6 години кога прв пат се качив на мотор и тоа на Аprilia sr50cc, а желбата започна на моите 10 години кога се натпреварував на патеката во Кичево во категорија до 80cc.

2. Кои мотоцикли си ги поседувала до сега?

До сега сум поседувала 13 мотори и тоа 8 скутери од 50cc до 500cc и од брзинските Аprilia RS 125, Honda 250, Kawasaki 636, Suzuki GSXR 1000 и мојот најнов мотор и сегашен е BMW S1000RR.

3. Омилена марка?

Омилено ми е BMW и ништо друго не признавам .

4. Какви се твоите планови за во иднина?

За во иднина си продолжувам како до сега со приватниот бизнис и се вклучувам со тренинзи на патеката во Серес да се подготвувам за натпреварување во категорија до 600cc.

5. Дали си имала падови и како си го поднела тоа?

Секој моторџија вика не си моторџија ако не паднеш 🙂 така си се тешиме едни со други. Не верувам дека постои човек што вози мотор толку време, а да нема паднато. Секако дека имам паднато, но не поминав со тешки повреди .

6. Освен превозот на две тркала, кој е твојот омилен превоз на 4 тркала, по кој автомобил си копнеела?

Изборот на 4 тркала е многу поголем од изборот на 2 тркала. Сакам бесни коли и имам во план, но нека остане мала тајна.

7. Дали до сега си возела на тркачка патека со брзински мотоцикл и какво е твоето искуство?

Да, имам возено на тркачка патека, но немам големо искуство со брзински мотори. Кога станува збор за улица и за тркачка патека, голема разликата .

8. Планираш тестирања пред твојот најавен настап следната сезона и кој е твојот тим?

Да, секако дека ќе вежбам многу и ако не се чувствувам доловно подготвена за тој чин, секако дека ќе ја пропуштам годината и ќе се натпреварувам следната сезона.

9. Дали имаш желба и дали некогаш би се пробала позади волан на тркачки автомобил?

Да, секако ако ми се укаже шанса ќе седнам и ќе возам тркачки автомобил бидејќи немам страв од голема брзина и адреналин.

10. Како би ја објаснила сообраќајната некултура во сообраќајот низ нашата метропола?

За во нашата метропола можам да кажам за мене дека возам правилно и многу внимателно, но не е секој како мене многу од луѓето не ги почитуваат сообраќајните правила во сообраќајот. Можам само да кажам кога се вози треба многу да се внимава. Многу би сакала да се развие мотоспортот во земјава и да има нови лица, на кои издувен вентил ќе им биде патеката, а не градските улици.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *