Home / Latest Articles / TCR Europe: Гиролами и ПСС Рејсинг на пол позиција во Монца

TCR Europe: Гиролами и ПСС Рејсинг на пол позиција во Монца

Аргентинскиот возач Франко Гиролами успеа да се одбрани од Џек Јанг за да дојде до пол позиција и многу важни поени за себе за борба за титулата во генерален пласман кај возачите.

Во првиот дел од квалификациите Јанг беше за 0.005 секунди побрз од Гиролами, но во вториот дел Аргентинецот успеа да ја освои пол позицијата со време од 1:57.073 што беше за 0.010 побрзо од она на Јанг.

Трет ќе стартува Феличе Јелмини пред Том Коронел, Исидоро Калехас, Душан Борковиќ, Микел Аскона, Џими Кларем Мато Хомола и Николас Барт кој ги комплетираше топ 10-те. Во вториот дел од квалификациите завршија Јакум Галаш на 11-тата и младиот Бартош Грошек новодојденец од ТЦР Источна Европа на 12-тата позиција.

Виктор Давидовски успеа да извози време од 1:59.056 што беше доволно за 16 позиција од која ќе стартува во првата трка. Првата трка ќе започне од 13:05 часот по средно европско време.

Подолу погледнете ги останатите времиња од квалификациите:

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *