Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Официјално, 2022 Golf R со 315КС и можност дрифтање

Официјално, 2022 Golf R со 315КС и можност дрифтање

Денес официјално е претставен 2022 VW Golf R, кој покрај многуте можности и додатоци ќе може да дрифта…

Да почнеме од под хаубата.

2022 VW Golf R располага со 2.0 литарски турбо агрегат кој од себе вади 315КС и 420Њм вртежен момент, што е зголемување за 27КС и 41Њм вртежен момент. Она што е жално, но и чудно е дека мануелниот менувач ќе биде достапен за Американскиот пазар, но не и за Европскиот.

Исто така, сите модели ќе располагаат со погон на сите тркала, со специјален систем за векторирање на вртежниот момент кој ќе овозможи елиминирање на подуправувањето, како и намалување на радиусот на проаѓање низ свиоци.

2022 VW Golf R од 0 до 100км/ч ќе пристигнува за 4.7 секунди, додека максималната брзина ќе му биде ограничена на 250км/ч.

Спортските додатоци одат преку перформансите на моторот, со додавање на спортски подесена суспензија со потврди спирали. Инженерите исто така додадоа алуминиумски сабфрејм, а исто така го зголемија и негативниот нагиб, со што ќе се добие поголема брзина низ свиоците, како и намалена висина за 20мм во споредба со стандардниот модел.

Како функционира Дриф Модот?

Автомобилот располага и со две нови подесувања. Тоа се модовите Special и Drift. Модот Special е оптимизиран за Нордшлајфе и поседува помека суспензија од Race модот кој ќе овозможува максимален контакт со асфалтот, поточно со нерамнините на Зелениот Пекол.

Дрифт модот од друга страна пак, ќе овозможи автомобилот да дрифта. Тоа се случува со менување на параметрите за електронска стабилност и оптимизирање на дистрибуција на силата до системот на сите тркала.

2022 VW Golf R располага со интересни можности, што мислите вие?

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *