После летната пауза, време за Ушќе 2…
Нема кој со нетрпение не ја очекува втората трка на уличната патека Ушќе во Белград со која продолжува шампионатот на кружни патеки. Овој викенд Ушќе буквално ќе грми. Тие што ќе бидат присутни ќе уживаат во две дисциплини. Кружни трки и драг трки. Да тоа го имате во ист викенд на исто место. Затоа се очекуваат огромен број на бензнски љубители на кои овој викенд ќе им биде исполнет.
Трката е во организација на АМСС и САКСС, под покровителство на град Белград а се бодува за шампионат на Србија, БиХ и за Централно Европска Зона поради што се очекуваат поатрактивни автомобили. Тој факт го докажува српскиот автомобилист Зоран Кастратовиќ кој за бодови ќе вози пред домашната публика со уникатното Renault Clio од чии раце истотака е и подготвено и претставува вистински рај за очи, уши и душа.
Викендов се очекуваат околу 90 натпреварувачи кои ќе бидат распоредени во 5 дивизии, од кои 12 ќе бидат гости од БиХ, а се очекуваат и возачи од Хрватска и Црна Гора. Оваа трка е петта одржана трка во шампионатот, па затоа очекуваме вистинска борба во сите класи, но највеќе се однесува за класите Југо „Хибрид“ и Југо „Мал Н“.
Овој пат нема да гледаме дупла трка, затоа во сабота се закажани официјалните тренинзи во 13:35, додека во недела за 12:00 часот е закажано свеченото отворање, а веќе 10 минути подоцна започнува натпреварувачкиот ден.
Во класата Југо Хибрид ќе ги видиме нашите двајца македонски натпреварувачи Виктор Давидовски и Ристо Вуков. Давидовски и оваа година е упорен за титулата, што покажува неговата прва позиција во генерален пласман во најжестоката класа со 84 поени, додека веднаш позади него со 22 поени заостанува неговиот тимски колега од АКСК Црвена Звезда, Часлав Тошиќ, пред Душан Настасијевиќ со 49 поени.
На четвртата позиција за 1 поен позади Настасијевиќ се наоѓа Марко Павличевиќ, додека на петтата позиција е младата надеж Јован Лазаревиќ со 43 поени. Вуков се наоѓа позади шестопласираниот Петар Милорадовиќ, со 18 поени. Инаку Вуков имаше тренинг на патеката Берановац каде работеше со неговиот тим околу вистинските подесувања на автомобилот. Тој во интервју за Дерби.мк делуваше доста позитивно, па затоа очекуваме да го видиме во уште подобро светло овој викенд.
Се гледаме на Ушќе!