Home / Latest Articles / 40 Бузетски Денови за прв пат прекинати после првото возење

40 Бузетски Денови за прв пат прекинати после првото возење

Јубилејните 40 Бузетски Денови, последната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки, беше прекината за прв пат во историјата на 40 години одржување.

Главната причина беше невремето кое го зафати регионот кое резултираше со непрекинати врнежи од дожд кои едноставно го спречија одржувањето на втората трка.

Организаторите немаа друг избор, иако во саботата времето се покажа дека ќе слeдиме сува трка, а тоа значи возбудлива трка со многу нови рекорди. Но, тоа не се случи оваа година.

Во 2010 година исто така слично невреме го зафати Истарскиот регион, но после кратко време времето се стабилизира и натпреварот продолжи.

Сепак првата трка беше одржана, а во генерален пласман најбрз беше Кристијан Мерли кој исто така ја освои Европската круна на ридски патеки оваа сезона во Категорија 2, Формули и Прототипови.

Целосните резултати погледнете ги на овој линк (http://www.sport-timing.com/livetiming_buzet/results1.php?race_id=2119&event_id=359), а видеото од најинтересните моменти подолу:

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *