Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Ariel Atom трансформиран во хипер-автомобил со 700КС

Ariel Atom трансформиран во хипер-автомобил со 700КС

Џеф Дејвид е тип од Австралија што го претворил својот Ariel Atom во луд хипер-автомобил со моќност од 700 коњски сили.

Дејвид го нарекол својот хипер-автомобил Quantum GP700. Тој исто така има супер-сопруга бидејќи таа се согласила да се грижи за семејството цели две години, додека Дејвид го градел својот хипер-автомобил.

За да го трансформира својот Ariel Atom во Quantum GP700, Дејвид морал да работи од 5:30 наутро до 19:00 навечер, 7 дена во неделата. Тој тврди дека потрошил 1800 работни часови при изработката на овој проект.

Секој дел од телото на овој хипер-автомобил бил заменет со нов направен од карбон-фибер. Предното крило е инспирирано од Формула 3 болид.

Стандардниот мотор на Ariel Atom има моќност од 300 коњски сили, па затоа биле потребни многу модификации да се стигне до посакуваните 700. Имајќи во предвид дека овој автомобил има тежина од само 700 килограми, 700КС се навистина импресивна бројка.

Quantum GP700 може да стигне до 100 километри на час за само 2.6 секунди, што е само малку поспоро од најдобрите Ф1 болиди!

Дејвид го проценил својот проект на 700 000 долари и вели дека е подготвен да изработи и други доколку има заинтересирани да ја платат горенаведената сума. Доколку има заинтересирани помеѓу вас, слободно побарајте го Џеф Дејвид.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *