Можеби малку подоцна, но Aston Martin влегоа во трка за најбрз SUV (Sports Utility Vehicle) со моделот DBX 707, и успеаа.
Во ова успеаа благодарение на доработениот 4.0 литарскиот V8 агрегат кој сега ослободува 707КС. До 100км/ч пристигнува за 3.3 секунди, а тоа му го овозможува брзиот 9-степен менувач.
Стадардниот модел располагаше со 550КС и 700Њм вртежен моемнт, додека со додавањето на нови турбо полначи и издувен систем, пристигнаа неверојатни 707КС и 900Њм вртежен момент за максимална брзина од 310км/ч! И да, овој бисер чини околу 200.000 фунти во Велика Британија.
Сите детали и целосното објаснување околу овој Британски бисер момците од CarWow го изведоа на високо ниво. Погледнете за што станува збор и внимателно проследете го видеото: