Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / BAC Mono руши рекорди и тоа на влажна патека (ВИДЕО)

BAC Mono руши рекорди и тоа на влажна патека (ВИДЕО)

Бидејќи е најмоќното возило доколку се земе во предвид односот на неговата тежина со моќта на моторот, BAC Mono е вистински уличен болид побрз од многу помоќни супер-автомобили.

Можеме да ги споредуваме забрзувањата од 0 до 100 км/ч и максималните брзини, но она што е најважно за секој спортски автомобил се неговите перформанси на тркачка патека. Во следново видео ТВ екипа од Белгија решиле да го проверат токму тоа на тркачката патека Золдер.

Нивниот тест-возач Џефри ван Хујдонк успеа да извози БРЗ КРУГ со време од 1.38.12, што е најдобро време што е постигнато на оваа патека со сериски поизведен автомобил. BAC Monо е побрз дури и од McLaren 650S и Porsche 911 GT. Исто така беше за 2.5 секунди побрз од неговиот вистински ривал Ariel Atom.

Она што е највозудливо е фактот што овој рекорд беше постигнат на влажна патека, можете да замислите колку би бил побрз на целосно сува. Да го погледнеме на дело BAC Mono како руши рекорди и тоа на влажна патека:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *