Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / BMW 3.0 CSL “Бетмобил” од 1972 година е на продажба за повеќе од 100 илјади долари

BMW 3.0 CSL “Бетмобил” од 1972 година е на продажба за повеќе од 100 илјади долари

Адам Керола е познат телевизиски водител и комедијант кој што поседува неверојатна колекција со ретки и многу скапи автомобили.

Еден од тие автомобили е и ова BMW 3.0 CSL “Бетмобил” од 1972 година кое што неговиот сопственик решил да го продаде. Минатата година беше продаден овој колекционерски модел, но без преден спојлер и задно крило за цена од околку 100 000 долари. Сепак г-динот Керола очекува да добие повеќе за својот “Бетмобил”.

Ова BMW 3.0 CSL има интересна историја позади себе. Неговиот предходен сопственик го трансформирал во тркачко возило и било користено во различни трки во Германија. Неговиот сегашен сопственик никогаш немал можност да се трка со ова возило, но потенцира дека било одржувано како што треба бидејќи било дел од колекција на тркачки возила.

Ова BMW 3.0 CSL од 1972 година е опремено со 3.0-литарски 6-цилиндарски агрегат со моќност од околу 200 коњски сили, но поради доработките немаме информација со колкава моќ располага конкретново возило. Но морате да признаете дека изгледа навистина прекрасно и моќно.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *